Експлозија во возилото предизвика пожар во кој ноќеска изгоре „мерцедесот“ во кој се возеше претседателот на на Стопанската комора за енергетика на Македонија. За среќа во несреќата нема човечки жртви.
Како што соопштија од Стопанската комора за енергетика, несреќата се случила кај обиколницата кон Скопје Север.
– Експлозија во возилото во кое се возеше претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков со сопатник, кој возеше на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје Север.
Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарна екипа веднаш реагираа, но не успеаја да го изгаснат пожарот на возилото „Мерцедес С 200“, црна боја. Возилото целосно изгоре за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи, се вели во објавата на официјалниот Фејсбук – профил на Стопанската комора за енергетика.
Подетални информации за несреќата и која е причината за експлозијата во возилото се очекуваат во текот на денешниот ден.