Пожарот кој во моментов беснее во делчевско пехчевскиот регион буквално излегува од контрола.

Во овие моменти во селото Нов Истевник се случува буквално пекол, а изгорени се и неколку куќи и населението е евакуирано.

Огнот се проширува и кон пехчевските села, а граѓаните преку социјалните мрежи молат за помош.

„АПЕЛ за помош!!!
Малешевијата и Пијанец, белите дробови на истокот се во пламен!! Пожарот се доближува до неколку села и Пехчево. Сите локални ресурси се мобилизирани, но ситуацијата е алармантна заради недостапниот терен и боровата шума.
Итно е потребна итервенција и мобилизација на дополнителна поддршка.“

„ПОЖАР СО НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ И ГОЛЕМА КАТАСТРОФА СЕ СЛУЧУВА МОМЕНТАЛНО ВО БЛИЗИНАТА НА ПЕХЧЕВО….
УЖАС НЕВИДЕН….“