Повеќе медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека изгореното возило на Артан Груби наводно се води на име на друго лице.

Според информации на Фокус од повеќе добро упатени извори, станувало збор за лицето Беким Лимани, кој го паркирал возилото и бил заведен според возачка дозвола, додека возилото е во сопственост на правен субјект.

Станува збор за еден од сопствениците на компанијата Еуро Ком Лигхтинг, за која пишуваше Фокус, кога таа го купи хотелот на Попова Шапка од градежната компанија Гранит.

Предходно во истражување на Фокус беше објавено дека пред да добие нов милионски тендер за автопатот кон Блаце, Гранит го продал хотелот на Попова Шапка на фирмата за осветлување на Лимани.

Во трансакцијата „Хотел за Тендер“, според други извори, се вклучени блиски луѓе на Груби.

Возилото Ауди А6 кое вчера беше запалено пред домот на Артан Груби, имало и флешери и звучна сигнализација, какви што користат возилата на МВР, па денеска пратеникот Драган Ковачки го праша министерот Оливер Спасовски: кој дозволил да има таква опрема возило во приватна сопственост, за кое се уште се шпекулариа дали е од Груби или на друго лице и дали на овој начин вицепремиерот крие свој имот, формално на туѓо име.

Како што објавија некои медиуми овој вид автомобили чинат околу 80.000 евра.