Направи разлика, пишува во краткиот ироничен коментар поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски над фотографијата составена од две споени.

Коментарот и фотографиите се од изградбата на автопатот од Кичево кон Охрид и од мостот Пелешец во Хрватска.

Како што е познато, и автопатот во Македонија и грандиозниот мост долг 2,4 километри ги градат кинески градежници.

Разликата е во тоа што откако на власт е актуелната владејачка гарнитура, за кинеските градежници кои градат чуда и во Кина и низ светов, овдешните „експерти“ блиски до власта велеа дека „погрешно ги дупнале и тунелите од автопатот“.

И затоа има разлика: Хрватска доби чудо од мост, а Македонија уште го чека автопатот кој требаше да биде готов пред пет години. Тоа зборува дека не е проблемот кај градежниците, туку кај домашните „експерти“ за градежништво.

(Д. Г.)