Заевци упорно продлжуваа да ја туркаат тезата дека за претстојниот референдум не е битно дали е исполнет цензусот туку е битно од излезените да има макар еден глас повеќе ЗА.
Истата срамна логика ја поддржува и Наташа Габер, која беше уставна судијка и според која „успешен референдум е излезноста да биде што е можно поблиску до официјалните 50 отсто плус 1“.
Ајде да ги оставиме настрана класичните потсмевања на Уставот и Законот за референдум што на овој начин се вршат, ама за еден бивш уставен судија срамно е да оперира со термини „што е можно поблиску“. Кој ќе одреди кога е „поблиску“ а кога не? Замислете, ова го вели персона која била уставен судија и која требало да го штити Уставот.
Но, според оваа логика, неуспешниот референдум од 2004 година за територијална организација всушност бил успешен. Погледајте ги бројките од референдумот: