Во Брисел е одбиен коментар за ветувањето на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен дадено во Скопје дека „ЕУ го признава македонскиот јазик“.

Нејзината портпаролка Дана Спинант одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА да ги објасни зборовите дадени во македонскиот парламент дали тоа значи признавање на јазикот од страна на ЕУ одби директно да одговори.

– Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам ова, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа, рече Спинант.

Таа одговори и дека Фон дер Лајен всушност мислела на јазикот кој го зборуваат граѓаните во Северна Македонија.

На директно прашање дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик, Спинант изјавила дека нема да навлегува во толкување на изјавата на Фон дер Лајен.

Притоа таа уште еднаш ја повторила фразата „јазикот кој го зборуваат луѓето во Република Северна Македонија”.