Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ е убедлив победник на денешните избори во Бугарија, но далеку од можност самостојно да формира влада, покажуваат повеќе излезни анкети.

Анкетата на агенцијата „Алфа Рисрч“ покажува дека ГЕРБ освоил 26,4 проценти од гласовите, пред Продолжуваме со промените на Петков со 14,9 проценти.. На третото место е проруската „Преродба“ на Костадин Костадинов со 12,9. Следуваат ДПС – нов почеток на Дељан Пеевски и Алијансата за права и слободи со по близу девет проценти, бугарските социјалисти се на шестото место со 7,8 и Има таков народ со 6,2 проценти.. Останатите партии се под цензусот од четири проценти..

Изразено во мандати, тоа би значело дека ГЕРБ добива 74, партијата на Петков 42, а на Костадинов 36 мандати.. За формирање мнозинство, потребни се 121 пратеник во 250-члениот парламент.