Во десетте општини од Југоистокот на Македонија до 13 часот на вториот круг на претседатеските и парламентарните избори најголема излезност е забележана во Гевгелија и Дојран-31 отсто, а најмала во Босилово 15 отсто.
Во другите општини излезноста во Василево е 18 отсто, Радовиш и Ново Село 20 отсто,Конче 23 отсто, Валандово 25, Богданци 28, Струмица 27 отсто од вкупно запишаните избирачи.
Во десетте општини од Југоисточниот плански регион граѓаните гласаат на 273 избирачки места, а право на глас во вториот круг на претседателските и парламентарните избори имаат 141.167 гласачи.
Според информациите од општинските изборни комисии досега не се забележани неправилности.