Вчера во 8 часот и 10 минути во Полициската станица Гази Баба, 78- годишниот Б.А. од Скопје пријавил дека бил измамен.
Имено на 30 мај годинава околу 13,00 часот, пред неговата куќа на улица „Перо Наков“ дошло непознато лице и му понудило огревни дрва по цена од 8.000 денари. Тој прифатил и тргнал со него да ги видат дрвата. Во еден момент лицето му се сокрило и се вратило кај сопругата на Б.А. и ги побарал парите со изговор дека се договориле. Таа му ги дала парите, по што заминал во непознат правец, ве вели во соопштение од полицијата.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.