Две лица биле каснати од кучиња во текот на минатите два дена во општина Центар.

Вчера во 21 часот 44 годишниот Д.Б. во Полициската станица Центар пријавил дека истиот ден во 17:30 часот на улица „Караорман“ неговата малолетна ќерка била нападната од две кучиња кои ја гризеле во пределот на десната надколеница. Како што пријавил таткото полиција кучињата биле сопственост на двајца соседи од истата улица.

Другиот инцидент бил пријавен во Полициската станица Центар во текот на вчерашниот ден во 1:40. 24-годишниот Д.Т. пријавил дека на 5 овој месец во 23:10 на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, додека се движел пеш, бил каснат од куче-скитник во пределот на левата потколеница.