Режимот на сообраќај на автопатската делница Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија, ќе биде променет од денеска до 26 месецов.

Во нарендите четири дена  на патот Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија во близина на бензинската станица ќе се изведуваат градежни активности  при поставување индуктивни јамки, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Поради изведување градежни работи  режимот на сообраќај ќе биде изменет и на регионалниот патен правец Маврово-Дебар кај село Јанче, каде сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента. На тоа место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените  и ќе биде поставена содветна сигнализација за работа на пат.