Повод за оваа реакција е синоќешното излагање на Бујар Османи во Чаир, во кое тој изнесе измислици за наводни „емисари“ од ВМРО-ДПМНЕ и сценарија што постојат само во неговата фантазија. Со вакви изјави, Османи се обидува да ја прикрие паниката во која се наоѓаат ДУИ и СДС пред сигурниот изборен пораз, се наведува во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.

Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка.

ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно порачува: единствените „емисари“ што ги праќаме се оние кои ја носат пораката на народот, а тоа е одговорност за криминалниот картел ДУИ – СДС. Одговорност за Али, Заев, Филипче, Груби и Османи. Токму на локалните избори овие две структури конечно и формално ќе завршат таму каде што одамна им е местото, на буништето на историјата.

Бујар Османи денес е ништо друго освен последниот портпарол на криминалниот картел кој граѓаните го препознаа. Но, неговата одбрана е залудна. Нема повеќе политичко мешетарење, нема пазари зад грбот на народот.

Во октомври ќе има јасна пресуда, пресуда на граѓаните кои ќе ги испратат картелот на СДС и ДУИ во политичка пензија, а правдата ќе биде задоволена. Зошто таа има име и презиме, а одговорноста мора да се испорача.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ