Медицината никогаш немала толку многу дијагнози, ниту пак лекови – а врската помеѓу профитот и фармацијата е очигледна.

Овие денови, многу наводно нови пореметувања, застрашувачки здравствени состојби и ментални болести го привлекуваат внимание на луѓето, создавајќи атмосфера на страв и загриженост за здравјето. Она што го јадеме нè убива, она што го дишеме нè убива, па дури и Wi-Fi и водата за пиење претставуваат смртна опасност.

Реално, често се работи за заплашување поттикнато од фармацевтската индустрија, на која драмата и помага во продажба на производите и остварувањето профит на сметка на лековерната јавност.

„Крајната цел е секој бунт да се квалификува како ментално растројство, па со помош на фармацевтската мафија здравите луѓе се претвораат во болни, кои, исто така, ќе се третираат само како „расипани машини“ и извор на профит”, вели францускиот парламентарец и лекар Бернар Дебре.

Тој е ко-автор на книгата „4.000 корисни, бескорисни и опасни лекови”, во која укажува дека половина од лековите на рецепти во западната медицина се сосема непотребни и неефикасни, а пет проценти од лековите се опасни за здравјето.

Лекови – приказна за измама

Тоа е еден вид „борба со ветерници”, бидејќи, од друга страна, капиталот и фармацевтската индустрија, како и целиот здравствен систем, тоа го поддржуваат. Во здравството, ова се однесува на профитот на медицинската, првенствено на фармацевтската индустрија.

Значи, т.н. фармацевтската мафија ги уништува природните традиционални лекови и произведува синтетички производи, кои честопати имаат бројни несакани ефекти и го навикнуваат телото на тоа дека без нив повеќе не може.

Експертите укажуваат само на некои од современите здравствени проблеми кои обично се вообичаени глупости.

Денес, сите се чувствителни на глутен

Глутен е протеин што се наоѓа во пченицата, му дава еластичност на тестото, помагајќи му да се подигне и да ја задржи својата форма. Се наоѓа во пченица, ‘рж, јачмен и овес. Повеќето прехранбени состојки содржат глутен, пици, тестенини, леб и разни преработени прехранбени производи. Вниманието кое го привлекува глутенот не се должи толку многу на приказните за целијачна болест, туку поради контроверзни студии кои тврдат дека човечкото тело не може да свари глутен во мерка која ние ја внесуваме во себе.

„За ова не постојар вистински и прифатливи медицински докази. Постојат докази дека на некои луѓе им пречи глутенот, како и дека кај повеќето луѓе нормално се вари”, вели докторот.

Халитозата е измислена болест

Халитозата најчесто е предизвикана од ферментација на честички на храна со анаеробни грам-негативни бактерии во устата.

Поради здивот, се повеќе луѓе посетуваат лекари, кои им пропишуваат посебни пасти за заби и води за плакнење на устата, на што индустријата создава огромни пари. Експертите тврдат дека во повеќето случаи, здивот е обична измислица, и дека е природно да се чувствува одреден мирис во здивот. Оваа состојба обично може да се коригира со повисок внес на вода и промена во исхраната.

Детоксикацијата е глупост

Додатоци во исхраната и разни продукти за детоксификација и губење на тежина, е еден од најбрзо растечките пазари во светот, а има многу малку докази за нивниот ефект. На пример, многу популарни детокс производи се на база на млеко од чичек или путер, но нема студија што го потврдува нивниот ефект.

Треба да го избегнувате алкохолот и да се храните здраво, а ако сакате детоксикација, користете природни чаеви, овошје и зеленчук.

Плакнењето на вагина не само што не е добро, туку е и опасно

Најголемиот мит е дека вагината има непријатен мирис. Освен во случај да имате сериозни проблеми, кој било природен мирис е нормален. Вагината не треба да мириса како парфимерија и не треба да се третира како нешто што треба да се поправи. Значи, заборавете на миризливи купки или специјални средства за плакнење на кои индустријата се повеќе и повеќе заработува, бидејќи секој производ што може да го промени  балансот на pH, исто така, може да предизвика габички.


Намалувањето на лошиот холестерол спречува срцевото заболување

Можеби еден од најголемите здравствени митови во западната култура е злоупотребата на измислениот термин „лош холестерол” од медиумите и медицинската професија. Покрај тоа, наивната јавност е измамена од лажната врска помеѓу холестеролот и кардиоваскуларните болести. Никогаш не е докажано дека холестеролот предизвикува болести на срцето, напротив холестеролот е од витално значење за телото и секој обид за негово намалување може да има катастрофални последици, особено како што старееме.

Станавме општество толку опседнати со воведување на храна со малку холестерол и масти, што сега многу здравствени експерти се прашуваат кои се последиците на тоа, како и голем број на лекови што се земаат за да се намали холестеролот.

Повеќето со дијагноза на депресија, немаат тоа

Британските научници тврдат дека прозак, сероксхат и слични антидепресиви дејствуваат како лажни, плацебо лекови и не се ефикасни. До резултатите, објавени во магазинот “ПлоС медицина” дошле преку анализа на 47 клинички студии, од кои некои сè до денес не беа достапни за јавноста.

Покрај тоа, секој четврти човек во западниот свет денес е депресивен – и се поставува прашањето како е тоа можно и зошто така не беше претходно? Премногу концентрација врз себеси и сопствената среќа и тој наметнат идеал на среќен живот, на многу им дава илузија дека се болни, иако тие можеби се наоѓаат во природна, лоша животна фаза.

Постојат сигурни дози на хемикалии во лековите

Не постои безбедна доза на отров, бидејќи телото препознава и најниски дози и веднаш создава воспалителни процеси и имунолошки одговор за да се бори со туѓото тело. Токсични хемикалии сега се наоѓаат насекаде, во училиштата и на нашите работни места. Тие предизвикуваат постепено распаѓање на секој систем во нашето тело и предизвикуваат многу болести. Многу е тешко да се открие која хемикалија предизвикува која болест.