Девет лица, меѓу кои двајца пожарникари, поради труење од чад предизвикано од пожарот што избувна попладнево во стан во Кисела Вода, се хоспитализирани на Универзитетската клиника за токсикологија. Во пожарот повреден е уште еден пожарникар, кој добил изгореници на раката.

Од Министерството за здравство информираат дека пациентите се во добра општа состојба.

„Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишале чад. Преостанатите пациенти се станари од зградата, затруени од чад“, велат од МЗ.