Возачот на Алпине Пјер Гасли ја освои пол позицијата на трката за Големата Награда на Италија откако попладнево беше најбрз на драматичните квалификации на патеката Монца. Ова е негова прва пол позиција во кариерата, а има и една победа во трка за Големата награда на Италија во 2020 година.
Тој еден круг го извозе за 1:21.786 минута. Французинот беше само 6 стотинки побрз од Џорџ Расел од Мерцедес.
Третото место му припадна на актуелниот првак Оскар Пјастри од Мекларен. Во вториот стартен ред утре на трката до него ќе биде возачот на Ферари, Шарл Леклер. Во третиот ред ќе бидат вториот возач на Ферари Луис Хамилтон и Макс Верстапен од Ред Бул.
Лидерот во генералниот пласман Кими Антонели од Мерцедес се пласира на седмото место, но поради казна ќе стартува последната позиција.
Стартот на утрешната трка на ГН на Италија е во 15 часот. (МИА)




