Компании од воената индустрија на Обединетите Арапски Емирати и Израел денеска во Дубаи потпишаа стратешки договор за заедничко производство на бродови без екипаж, способни за противподморнички дејства.

Воениот конгломерат „EDGE“ од Емиратите и израелскиот „IAI“ објавија партнерство на последниот ден од саемот за авијација во Дубаи.

Во заедничката изјава, компаниите нагласуваат дека ќе изградат напреден модуларен брод што може да се користи за воени и комерцијални цели. Договорот беше постигнат откако ОАЕ и Израел воспоставија дипломатски односи минатата година, во согласност со договороÑ ‚ кој исто така ќе им овозможи на САД да продаваат борбени авиони Ф-35 на Абу Даби.