Израелски борбени авиони извршиле два напада врз цели во предградието на либанскиот град Махмуд, околу 12 километри од израелската граница, објави телевизијата Ал Манар.
Авионите рано утрово, како одговор на претходните проектили истрелани врз Израел од либанска територија, нападнале рампи за лансирање ракети во јужен Либан.
Израелската војска во четвртокот соопшти дека нејзините борбени авиони, како одговор на ракетните напади, погодиле места од кои биле истрелани ракети кон Израел и инфраструктура „која се користи за тероризам“.