Израелски тенк погоди денеска две воени позиции на Хамас во северниот дел на Појасот Газа, што е одговор на трите ракети кои неколку минути претходнио биле истрелани врз Израел.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека првата ракета погодила стаклена градина, не причинувајќи штета, а друга незначително оштетила една куќа. Во нападите немало повредени.

Претходно израелската војска наведе дека пресретнала две ракети лансирани од Појасот Газа кон градот Ашдод.

Ракетниот напад го прекинал митингот на партијата Ликуд, каде се обраќал премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Засега никој нема преземено одговорност за истречувањата на ракетите.