Личното богатство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се проценува на 13,9 милиони долари, објави списанието „Форбс“.
Парите кои Нетанјаху ги заработил како предавач и консултант на израелската технолошка компанија БАТМ по поразот на изборите во 1999 година, го поставуваат на четврто место по богатство меѓу израелските политичари.
Далеку пред Нетанјаху се наоѓа најбогатиот политичар во Израел, поранешниот градоначалник на Ерусалим, Нир Баркат, кој се наоѓа на листата на конзервативната партија Ликуд за парламентарните избори на 9 април. Неговото богатство е десет пати поголемо и изнесува 138 милиони долари. Тој се збогатил благодарејќи на инвестициите во компании за висока технологија, посебно во „Чек поинт софтвер технолоџис“.
Веднаш по Баркат се наоѓа неговата снаа Алона Баркат со околу 130 милиони долари, а трет е Ехуд Барак, поранешен премиер и началник на Генералштабот со 33 милиони долари.