Израелскиот парламент по жестоки дебати утринава го усвои законот со кој земјата се дефинира како национална држава на еврејскиот народ, а Ерусалим за главен неподелен град.
Владата вели дека предлог-законот, кој беше усвоен утринава, само ќе го потврди постојниот карактер на Израел, а премиерот Бенџамин Нетанјаху усвојувањето на законот го нарече историски момент во историјата на ционизмот и во историјата на државата Израел, објави АП.
Тој истакна дека во последно време има луѓе кои се обидуваат да ги дестабилизираат темелите на постоењето и правата на еврејскиот народ.
„Затоа го усвоивме овој закон денес. Ова е нашата земја. Ова е нашиот јазик. Ова е нашата химна и нашето знаме. Да живее државата Израел”, рече премиерот.
Сепак, противниците на овој закон велат дека со него се маргинализира арапското малцинство во Израел.
Со новиот закон арапскиот јазик кој го говорат арапските Евреи и кои се 20 проценти од популацијата, нема повеќе да биде официјален јазик, туку ќе добие „специјален статус“.
Ширењето на еврејските населби е вклучен во законот и тоа се смета за „прашање од врвен интерес“.
Законот е усвоен со 62 гласови „за“ наспротии 55 „против“.
Иако арапскиото малцинство ги ужива истите права како Евреите, сепак, Ајман Одех од арапско-изралеската партија во Кнесетот во знак на протест развиори црно знаме „како лош знак“ истакнувајќи дека еврејската држава со овој закон сака да ги протера од земјата.