Израелската армија (ИДФ) утрово изврши два воздушни напада врз јужните предградија на главниот град на Либан, Бејрут.
Претходно, ИДФ ги предупреди жителите да се евакуираат поради претстојните воени операции на локации каде се наоѓаат објекти на Хезболах.
Непријателски авиони утрово извршија два напада врз јужните предградија на главниот град, погодувајќи станбена зграда во Харет Хреик, лоцирана во близина на џамија и болница, објави либанската Национална новинска агенција (ННА).