Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано изутринава соопшти дека е завршена размената на затвореници со Сирија, благодарејќи на посредувањето на Русија.

Целта била во Израел да се врати една негова државјанка, која случајно ја преминала границата со Сирија. Како што се наведува, таа била ослободена неколку часа откако Израел објави дека и ги вратил на Сирија двајцата овчари кои неодамна преминале на израелска територија.

Израелските медиуми објавија дека 25-годишната жена била испратена од Сирија во Русија, каде ја чекал израелски авион.

Нетанјаху му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за помошта да се постигне договорот за размена.