Израелската војска почна да ги полни тунелите на Хамас во Газа со морска вода

/ 12.12.2023

Израелската армија (ИДФ) почна да пумпа морска вода во комплексот тунели на Хамас во Појасот Газа, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според американскиот весник, процесот на впумпување на морската вода најверојатно ќе трае со недели.

Некои претставници на американската администрација рекоа дека процесот може да помогне да се уништат тунелите во кои палестинската милитантна група наводно крие заложници, борци и муниција.

Други официјални лица изразија загриженост дека морската вода може да ги загрози резервите на чиста вода во Газа.

Засега ИДФ и израелското министерство не реагираат на пишувањето на американскиот весник.


Од истата категорија