Тројца научници од Израелскиот здравствен институ открија што е причинител на автоимуните болести како Лупус, Мултиплекс склероза и Кроновата болест.

Докажавме дека нив ги предизвикува еден фактор, кој кога ќе се отстрани кај возрасните глувци, предоредени да заболат, тие остануваат здрави. Сметаме дека истиот процес се случува и кај луѓето, изјавила д-р Кира Рунцова која е дел од екипата што вршела истражување.

Се смета дека ако ракот го одбележи 20. век, автоимуните болести ќе го одбележат 21. век. Кај овие болести, имунолошкиот систем губи контрола и почнува да ги напаѓа здравите органи во телото на човекот. Медицината нема лек за најголем број од автоимуните болести, туку може само, ако сте среќни, да ги држи под контрола со лекарства кои со тек на времето може да станат поголем проблем од болеста. Ако ги прекинете, тогаш болеста пак се развива, па пациентот обично се наоѓа меѓу две зла.

Во последно време се смета дека „живата“ храна може да биде едно од алтернативните решенијата кај автоимуните болести.