Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, за време на неговата посета на американскиот главен град Вашингтон, предупреди дека израелската армија е способна да го врати Либан назад во каменото доба во евентуална војна со либанската шиитска група Хезболах.
Сепак, тој експлицитно нагласи дека неговата влада претпочита дипломатско решение на тензиите на израелско-либанската граница.
Галант, исто така, им рече на новинарите дека разговарал со високи американски претставници за повоениот нацрт-предлог за тоа како да се управува со Појасот Газа по завршувањето на израелскиот конфликт со радикалната палестинска група Хамас што ја контролира енклавата.
Според разгледуваната опција, управувањето со крајбрежната територија би вклучувало локални Палестинци, регионални партнери и САД, но тоа би бил „долг и комплициран процес“, објасни израелскиот министер за одбрана.
фото: ЕПА