Поради сè почестите климатски протести ширум светот, уредувачите на „Речникот на Колин“ го прогласи изразот „климатски протести“ за збор на оваа 2019 година.
Уредувачката куќа со седиште во Глазгов, Шкотска, анализирале дел од светскиот печат, весници, списанија, интернет-страници, по што заклучокот гласи дека тој израз бележи најголем скок во однос на користењето. Поимот „климатски протести“ се употребува околу стопати повеќе од лани.
Една од најзаслужните за сè тоа е активистката Грета Тунберг која се наметна како предводничка на движењето на младите екологисти низ цел свет. Можеби најголемиот и најзначаен климатски протест годинава, кој собра милиони учесници од целиот свет, се случи во септември во Њујорк за време на Самиот за климатски промени, чиј домаќин беше генералниот секретар на Обединетите Нации.
Поимот „климатски протести“ првпат се појави во документ од 2015 година како опис на масовните протести за време на Конференцијата на ОН за Парискиот договор за климата.