ИЗРЕЧЕНА НАЈВИСОКА КАЗНА: Судот во Тајланд осуди маж на 50 години затвор за навреда на монархијата

/ 18.01.2024

Судот во Тајланд осудил маж на 50 години затвор поради коментари што биле окарактеризирани како навреда и клеветење на монархијата.

Тоа е највисоката казна некогаш изречена според озлогласениот закон за навреда на величеството, пишува Би-би-си.

Триесетгодишниот Монгкол Тиракот првично бил осуден на 28 години за коментарите што ги објавил пред три години на Фејсбук, но денеска апелациониот суд му додаде уште 22 години на казната.

Законот за навреда на величеството на Тајланд го криминализира секој негативен коментар за монархијата, и иако е критикуван со години, тој сè уште е на сила

Деталите за тоа што довело до толку строга казна за Тиракот, продавач на облека од провинцијата Чианг Раи, сè уште не се познати. Судијата се повикал на повеќе коментари на Фејсбук, а тајландските судови обично ги заоструваат казните за секоја дополнителна поединечна објава.

Законот за навреда на монархијата бил накратко суспендиран на почетокот на владеењето на кралот Ваџиралонгкорн во 2019 година, но повторно е во употреба по избувнувањето на студентските протести пред три години, кои повикаа на голема реформа на монархистичкиот систем во земјата.


Од истата категорија