Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 413 возачи.
-Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 226 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 187 надвор од населено место, информираат од МВР.
Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.