Саудискиот принц Мухамед бин Салман го одобрил,  а можеби и го нарачал убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година, според извештај на американското разузнавање објавен денеска.

Како што јавија светските агенции, според декласифицираниот документ на четири страници, принцот Салман сметал дека Кашоги е „закана за кралството“.

Кашоги на свиреп начин беше убиен во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

МИА