Северна Кореја ги затвори со месеци границите поради пандемијата на Kовид-19. Севернокорејската државна авиокомпанија Ер Корио нормално летала кон Русија, но и тие летови со месеци се прекинати.

Затоа, руските дипломати морале да смислат разни механизми за да допатуваат во Русија.

Тие го започнале своето патување со железница и поминале 32 часа на стари и бавни севернокорејски возови. Потоа се возеле до границата два часа со автобус, каде што дипломатите требало да изнајмат дресина за нивните семејства и да ја туркаат до руската територија.

Железничките дресини се вид на железнички транспорт кој бил популарен во 1800-тите, во кој патниците ги превезувале своите работи со туркање или движење со помош на специјална лост.

Руската амбасада објави на својата страница на Фејсбук неколку фотографии од секретарот Владислав Сорокин, на кои се гледа како во зимска облека го турка своето семејство и нивниот багаж по железницата. Најмладиот член на семејството била неговата тригодишна ќерка Варја.

Сорокин морал да ја истурка количката околу една милја и да го помине мостот преку реката Тумен што ја одделува Русија од Северна Кореја. Кога семејството пристигнало на руската станица, полицајците ги пречекале и ги пренеле на аеродромот во Владивосток.