ИЗВЕШТАЈ НА ОН: Македонците се најнесреќна нација од земјите во бивша СФРЈ и во регионот

/ 22.03.2019

 

Република Македонија се наоѓа на 84-то место на светската ранг-листа за среќа, со која се опфатени 156 земји во светов, според извештајот на Обединетите нации(World Happiness Report 2019).

Меѓу земјите од бившата СФРЈ, најсреќни се Словенците, чија земја е на 44-то место, потоа следува Црна Гора (73), Хрватска (75) и БиХ (78).

Од останатите земји во регионот најсреќни се Романците, чија земја е 48-ма, потоа Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107).

Втора година по ред, Финска го држи првото место, а на последно е Јужен Судан.

Обединетите нации во 2012 година прв пат го објавија овој извештај кој рангираше 156 земји за нивото на среќата на граѓаните.

Извештајот се состои од резултати од направени анкети на граѓаните во земјите на оваа ранг листата. Од испитаниците се бара да одговорат на прашалникот и да го оценат од 1 до 10 каков е степенот на одредени фактори во земјата во која живеат, меѓу другото, сочувство, слобода, великодушност, чесност и здравје.


Од истата категорија