По објавувањето на веста дека Талат Џафери бил пречекан во Форино со извиците „Илирида, Чемерија, Косово“ утврдено е дека звукот на видеото е дополнително намонтиран, односно форензички е утврдено дека стаува збор за звук снимен за време на фудбалски натпревар на стадион.
Инаку, како што можеше да се види на монтираното видео објавено на социјалната мрежа Тик-ток, жителите на Форино имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата додека конвојот од полициски возила и обезбедувањето на Џафери минуваат низ улицата.
Некогашниот командант Форина во ова гостиварско село беше дочекан и со огномети, а исто така може да се погледне како Џефери се поздравува со поблиските соселани и пријатели, и им отпоздравува на насобраните.