Таа го покажа својот музички талент во 2008-ма година во музичкиот натпревар “Операција триумф”. Освен со својот талент, ја воодушеви публиката со својата убавина.

По музичкиот успех, Милица Мајсторовиќ се бореше со неколку проблеми, па премина во актерските води.

Милица во серијата Nemanjići: Rađanje kraljevine ја играше Јефтимија, ќерка на Стефан Немања. Нејзините обожаватели беа воодушевени. Милица освен што имаше интересна улога, таа се појавуваше во интересни изданија кога облеката е во прашање.

Пред неколку години, таа беше дел и од серијата „Жените од Дедиње“.

Обид за самоу*иство

За жал, Милица се чини не можеше да се понесе гордо со својот успех.

Без оглед на сите нагодувања дека Милица Мајсторовиќ се обиде да изврши самоу*иство заради љубовни маки, магазинот Story откри дека во прашање е нешто сосема друго.

Имено, како што се тврди во овој текст, Милица дигнала раце на себе заради неостварените амбиции во кариерата.

Тоа што, за жал, ја одбележа нејзината музичка кариера и период на најголема популарност, е нејзиниот обид за самоу*иство во 2010-та година. Милица тогаш со комбинација на лекови, ал*охол и д*ога се обидела да си го одземе животот, за да два месеци подоцна колабирала од преголема доза на антидепресиви.