Актерката Дара Чаланиќ повозрасните ја познаваат по серијата „Жикина династија“ во која ја играше улогата на сопруга на Жика Павловиќ и по реченицата „љуби га мајка“.

Улогата на сопруга на Жика Павловиќ и донесе огромна популарност. Меѓутоа, во една прилика одлучи да го прекине договорот и Гидра остана без својата партнерка, па во популарната серија љубовта и утехата ја наоѓаше кај други жени.

Дара во едно интервју истакна дека тоа и било животна улога, но морала да се откаже поради сопругот.

„Пријатно е кога ќе слушнам дека сите ме паметат по „Жикина династија“. Се чувствував многу добро на снимањето, но морав да ја прекинам соработката и да заминам да живеам кај сопругот во Америка. Не ми се допаѓа што ликот на Дара стана многу популарен, кога ќе ме видат на улица не ме препознаваат по Дара Чалениќ туку по „љуби го мајка“. Мојата одлука да заминам да живеам во Америка беше причина да ја прекинам соработката“, вели Дара.