Кога една девојка открила дека нејзиниот партнер бара веренички прстен на интернет, во главата веднаш ѝ одекнале свадбените ѕвона.
Но, таа сакала да биде сигурна дека нејзиното момче нема да ја изневери ако се венча со него, па затоа ја контактирала екипата од Јутјуб каналот “To Catch a Cheater” за да го тестира – со помош на една атрактивна манекенка.
На снимката се гледа како манекенката му се доближува и му вели дека изгледа како некој нејзин пријател. Потоа, таа седнува со него што не ѝ се допаднало на девојката која ја гледала снимката заедно со тимот.
Работите тргнале во лош правец кога манекенката го прашала што прави.
“Всушност, ја чекам мојата девојка”, ѝ одговорил тој и пробал да ја “откачи”, велејќи и дека неговата девојка не би била среќна со тоа.
Набрзо потоа се појавила и девојката – но не онаа која ја гледала снимката.
“Кој е ова?”, во шок прашала девојката за која се воспоставило дека е тајна девојка. Потоа, манекенката ги прашала колку долго се во врска.
“Две години”, одговорила таа. “Всушност, чекаме дете”, додала додека девојката која го гледала видеото била на работ на солзи бидејќи сфатила дека нејзиниот партнер води таен живот.
Одлучила да го побара за да добие објаснување, но и тоа не прошло како што очекувала таа – пред да му спушти, се пошегувала со него дека тој чека две деца бидејќи и таа е трудна.
Гледачите на снимката ги изненадил ваквиот пресврт на настаните, а истата за помалку од 24 часа на Јутјуб собрала речиси 700 коментари.