Метеор експлодира на небото во западниот дел од Куба, од што се искршени прозорци, а дожд од камења паѓаше на покривите од куќите, изјавија очевидци.

Прес спектакуларното „уништување“, вселенската стена е забележана на небото над американската држава Флорида.

Метеорот во Куба експлодира во близина на градот Винаелса во покраината Пинар дел Рио, а сведоци наведуваат дека слушнале две силни експлозии, пишува РТ.

Метеорот оставил голема трага на небото, а дождот од камења паднал на земјата.

Експлозијата се случила сред ден, а локални жители успеале со мобилен телефон да го снимат овој небески спектакл.