Сѐ е можно за време на пренос во живо. Може да биде и многу ризично со огледа на тоа дека секој може да влета во кадар со желба да има неколку секунди слава.

Така во Ирска, момче одлучило да привлече внимание, удирајќи ја репортерката Ајслинг Ни со грутка снег во главата, а видео-снимката за кратко време го погледнале голем број луѓе.

Ајслин на многу шармантен начин се изборила со ситуацијата во која се нашла, додека момчето избегало во непознат правец.

Погледнете: