Еве дел од извештајот на Канал 5 во врска со ова:
– Истовремено таргет што е поставен пред нас во здравството е од 1 јануари 2019 година да воведеме бесплатното болничко лекување за сите граѓани. Досега имавме капацитет тоа да го направиме за дечињата на примателите на социјалната помош, рече Заев.
Убеден сум, додаде премиерот, дека така како што ја водиме работата од 1 јануари 2019 година покрај бесплатното болничко лекување ќе биде зголемена и платата, вкупните нето приходи на лекарите специјалисти во Македонија да бидат 100 илјади денари.
– Верувам дека ќе има доволно капацитети Буџетот и во почетокот на февруари, кога лекарите ќе ја добијат јануарската плата, да имаат вкупен приход од 100 илјади денари. Ако успееме до 2020 година да ги подобриме буџетските перформанси, ќе продолжиме, на лекарите специјалисти без дежурства, да им обезбедиме 100.000 денари месечен нето приход, рече Заев.