Професор д-р Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мирисков“ упати емотивна порака за распродажбата и тие што распродаваат историја, идентитет, јазик… во Македонија.
Ви ја пренесуваме нејзината објава на Фејсбук во целост:
МИСЛЕТЕ МУ ЈА, БУЧКОВСКИ!
Ни историја знаете ни лингвистика знаете, ама сте решиле да преговарате за Македонија во корист на Бугарија!!!
Па кога тргнавте во преговори заедно со ЦАРОТ ззз… бар да ни ги затворевте институтите и за национална историја и за македонски јазик.
За што 75 години биеме битка со бугарските историчари и лингвисти? За што пишуваме и што докажуваме цел еден век.
За да тргнете и да нЕ распродавате како евтина стока на бит-пазар!
За тоа ли?
За тоа ли не финансирате проекти од национално значење?
За тоа ли не вработувате млад кадар?!
Сте решиле клуч на Институтот за македонски јазик да му ставате?!
Некадарни продавачи!
Историјата еден ден ќе ви суди!
Златна држава и питом народ продадовте за вашите и туѓите бели дворови!
Овој народ забава, ама не забрава!
Така да си знаете!
Мислете му ја!!!
П.С. ВО ГРОБ ГИ ПРЕВРТЕВТЕ И МИСИРКОВ, И РАЦИН, И КОНЕСКИ, И АНТЕ, И ГАНЕ, И ПЕТРЕ… НЕДОРАСНАТИ ЕДНИ ЗА ДРЖАВА ВОДЕЊЕ!