Ова отворено писмо го упатувам како финале на големиот број на писма испратени до Вас, во Владата, од 2017та година до денес.
Овојпат до Вас, решив да се обратам јавно.
Ви се обраќам јавно затоа што Агенцијата за филм која е под директна надлежност на Вашата Влада крие дека правосилно ги изгубила споровите против Јадран Филм, по долгогодишниот терор на кој бевме изложени, поврзан со ТВ серијата Македонија, за кој јавноста е делумно запознаена.
Со правосилна пресуда на сите нивоа во македонските судови, раскинот на Договорот со Јадран Филм за ТВ серијата Македонија од 27.09.2017 е прогласен за ништовен, заедно со сите превземени акции на основа на тој раскин на договор. Со тие пресуди, на сите нивоа во македонските судови, Агенцијата за филм и Горјан Тозија ги исцрпија сите законски можности против Јадран филм. Во текот на повеќегодишните судски процеси, истиот се обидуваше да сокрие дека правосилно е утврдено дека директорот на владината Агенција, Горјан Тозија, како одговорно лице, ги прекршил македонските закони и дека е прогласен за виновен за сета штета која нам ни е нанесена, штета која од ден во ден се повеќе расте.
Агенцијата за филм, Владата и Вас како Премиер, да ја спроведете правосилната одлука Ве обрврзуваат следниве пресуди:
1. Основниот суд од 12.11.2018, предмет ТЦ- 475 /17
2. Апелационен суд во Скопје од 19.02.2019, предмет ТСЖ-168/19
3. Врховен суд од 11.09.2019, број 94/2019 кој со тоа што одби да го ревидира целиот случај, Агенцијата ги исцрпила сите законски можности.
За ништовна е прогласена одлуката на Тозија бр. 02-1257/1 од 27.09.2017г.
Како што ви напишавме, Горјан Тозија противзаконски го раскина Договорот затоа што го одбивме рекетот, тежок повеќе стотици илјади евра, со кој Тозија од буџетот на серијата Македонија, планираше да се раздолжи за своите долгови во Хрватска кои ги остави позади себе измамувајќи неколку хрватски државјани.
Таа правосилна пресуда, владината Агенција, одбива да ја спроведе и со измама, со т.н повторни раскини на Договор, со антидатирани фалсификати, притоа правејќи низа на тешки казнени дела, се обидува да ја уништи нашата компанија која ја победи Агенцијата правосилно на суд.
И не само тоа, сите наоди од сите можните инспекции што ни ги испраќаше Тозија низ годините, се позитивни за нас, вклучително и наодот на УЈП. Во таа повеќегодишна брутална харанга врз нас, да можеа да најдат дека ние нешто противзаконско сме направиле, ќе најдеа и дека сме се паркирале погрешно, господине Заев!
Тозија, исто така, ја криеше од Владата и целата јавност понуда на нашата гаранција испратена на 24. септември 2017. година да не само матичната компанија туку и јас лично гарантирам секој денар. Таа понуда стои цело време господине Заев и на сите нека им биде јасно дека ние немаме никакви други интереси освен производство на фантастична ТВ серија. Нашата матична компанија, со која јас раководам, оваа година слави 75 години од своето постоење. Ние нема по никоја цена да дозволиме да бидеме уценети и компромитирани од зависник и клептоман, кој кон нас, за жал, дејствува во име на една држава.
Од таа правосилна судска одлука јасно е и дека Договорот и во периодот на најтешкиот терор над нас од 27.09.2017 година до 19.02.2019 година беше на сила.
Во тоа време, Тозија држеше повеќе прес конференции во Владата базирани на лажни обвинувања и празни политикантски флоскули. Вршени беа брутални притисоци на целата екипа на ТВ серијата Македонија и нанесена беше огромна штета на Јадран Филм доел и матичната компанија Јадран Филм во Загреб, најголемото и најстарото филмско студио во овој дел на светот, компанија со 75 годишна традиција.
Како што знаете, истата Тозија мораше да ја напушти функцијата директор на Агенцијата за филм на Вашата влада 22.X. 2020 година, по неколку корупциски скандали неповрзани со овој случај, плаќања без гаранции и сомнителни консултантски договори на барање на Антикорупциската комисија.
Горјан Тозија е друго име за корупција, господине Заев.
Ова е пример за најтежок корупциски скандал, за беззаконие, во кое владина Агенција не признава правосилни пресуди на судот на државата, државата во чија сопственост е Агенцијата, државата со Влада во која Вие сте Премиер. Државни службеници со фалсификати и антидатирани документи се обидуваат да спроведат примитивна измама, делуваат како интересна фаланга на Горјан Тозија, недостојна ни за шибицари на локалните пазари.
Актуелниот директор, поранешен член на УО на Тозија, кој го постави токму Вашата влада по заминувањето на Тозија на барање на Антикорупциската комисија, не ги спроведува законите туку интересите на Тозија. Управниот одбор на Агенцијата, заедно со актуелниот директор Лазаревски, поранешен член на Управниот одбор на Тозија, се обидуваат да го избегнат извршувањето на конечната правосилна пресуда и да го сокријат криминалот и корупцијата на Тозија преку измама, антидатирани документи и „повторни раскинувања “.
И по Тозија, Тозија.
Во секоја правна држава, оние што се обидуваат да избегнат правосилни пресуди со измама, тие завршуваат на издржување на повеќегодишни затворски казни и ниту вонајлудото сценарио не се промовираат на нови одговорни функции. За вулгарните и простачки политички испади на Тозија за кои мораше да интервенира и министерот за надворешни работи на Република Хрватска, г-дин Гордан Грлиќ Радман, не би пишувал во оваа прилика.
После сè, не можам да заклучам ништо друго освен тоа дека Вие, моите и нашите писма, како и целата документација за „случајот МАКЕДОНИЈА“, за сериозната корупција и рекет на Горјан Тозија против нас, не сте ги примиле или дека некој ги криел од Вас. Со испраќање на ова јавно писмо, ние сакаме докрај да бидеме сигурни дека Вие сте го добиле нашето писмо со само мал сегмент од комплетната документација и дека на овој начин истите можете да ги прочитате Вие но и сите засегнати во овој случај.
Причина повеќе за ова јавно писмо се токму граѓаните на МАКЕДОНИЈА, целата македонска, но и поширока јавност, сите политички партии и субјекти како во Македонија така и во Европскиот парламент, пратеници во Собранието но и дел од еврокомесарите и европратениците кои се ионака веќе подолго време загрижени за растечкиот степен на корупција во државата ,како и сите заинтересирани медиуми и новинари, господине Заев. Тие пак, македонските граѓани посебно заслужуваат да бидат запознаени со она што одамна им се сокрива, затоа што на крајот од денот, за овој вид на штета настаната од досега незабележана корупција, безобразните уцени и рекетирање од владините претставници, цената ја плаќаат токму тие. На крајот од денот, свесни сме дека таа огромна сметка, ако овој терор на корупција продолжи над нас од страна на Агенцијата и одредени министри и функционери, нема да ја плати Тозија, туку ќе им биде оставена на сите граѓани на Македонија.
Тозија не плаќа за своите сметки, господине Заев.
Нашите американски и европски правни тимови ги подготвија тужбите откако Агенцијата под ингеренција на Владата ги одби нашите предлози за мирно и обострано прифатливо решение. Освен милионската штета која на крајот ја плаќаат граѓаните, ќе се предизвика незапамтен, срамен меѓународен скандал. Досието за целиот случај во кој една владина Агенција одбива да ги спроведе правосилните одлуки на судовите во сопствената држава, служејќи се со измама, фалсификувани антидатирани документи, т.н повторни раскини на Договор за да ја уништи компанијата во странска сопственост е подготвен на објава на повеќе јазици. Таков случај никогаш и никаде не е забележан, во светски размери. Дополнително што сето ова се случува поради брутална корупција и обиди државниот службеник Тозија да ја рекетира нашата компанија за стотици илјади евра!
Јавно Ве покануваме Вас и целата македонска јавност, на овој линк да погледнете само еден од случаите на тешки измами кој ги извршил Горјан Тозија, кој воедно го имаат истражено и македонски новинари од повеќе медиумски куќи а кој е поврзан со неговите последователни дејанија на измама, уцена и рекет за ТВ серијата Македонија.
Досието за таа тешка измама можете да го погледнете во видео и во графичка форма на македонски и англиски јазик.
Накратко, Горјан Тозија двапати го продадал истиот стан на Зеленгај 67 во Загреб и двапати ги зел парите. Во Македонија би рекле ФИКОМ шема, стан што го продал порано на хрватски државјанин, со македонско потекло, една година подоцна повторно го продава на друг хрватски граѓанин за да ги плати своите долгови за зависност. На 06/09/1993 година поради тоа, интервенирала полицијата. Имаше тужби и многу мајки плачеа поради измамникот Горјан Тозија, господине Заев. Ако не сте го знаеле тоа досега и ако нашите писма и документи не стигнале до Вас, по волја на поддржувачите на Тозија во Вашата близина, еве прилика накратко да погледнете на линкот подолу, кој навистина е Горјан Тозија, до неодамна службеник во Вашата Влада а сега како што гледаме и „национален координатор“ токму со Ваша одлука.
Горјан Тозија ја призна оваа измама вредна стотици илјади евра, велејќи: „но, тоа беше одамна“ ….
Во прилогот на ова писмо има и PDF верзија за оваа измама на Тозија. Бидејќи, сигурен сум дека не знаете кој е всушност Горјан Тозија, поранешен вработен во Јадран Филм. Да знаевте, верувам немаше уценувач, рекетар, клептомански зависник да промовирате како „национален координатор на проектот Преспа“. Заканите, уцените и притисокот ескалираа после Вашето заедничко појавување на претставувањето на тој проект. Таков измамник да може да биде државен службеник на една Влада, во случајов Вашата, само по себе претставува скандал, но кога на тоа ќе се додадат и антидатирање, фалсификување и т.н повторни раскини со цел да се избегне конечна правосилна пресуда и истото го прави во името на државата, тогаш тоа е застрашувачки.
Со ова јавно писмо сакаме да ставиме до знаење дека за огромната, незамислива штета доколку се продолжи теророт, уцените и рекетот над нас, нашата компанија и проектот за ТВ серијата „МАКЕДОНИЈА“ а ја водат службеници на Вашата Влада во никој случај не сакаме да бидеме одговорни и виновни ние.
Исто така, со ова прво јавно писмо, но и во следни, доколку е потребно, придружени со документација и јавни објави на целиот ДОСИЕР МАКЕДОНИЈА јасно кажуваме дека ние, за разлика од криминалната клика што се крие зад Владата, но и зад Вас лично, нема што да криеме.
Со ова јавно писмо, Ве известуваме Вас и целата македонска јавност дека во деновите кои следат, по Вашиот одговор и Вашето постапување доколку дозволите Агенцијата на Вашата Влада да го продолжи овој терор на беззаконие и доколку и по пишувањето на ова јавно писмо дозволите дивеење на коруптивни службеници на Вашата Влада:
А) Ќе ја докомплетираме пријавата и ќе ги напишеме имињата на виновниците во пријавата за злосторничко здружување на повеќе функционери, државни службеници кои се дрзнале да одбијат да спроведат правосилна пресуда и се обиделе да ја уништат компанијата која правосилно ја победи владината Агенција за филм, вклучени повеќе лица кои работеле на попречување на правдата во овој обид со фалсификување, антидатирање, дополнителни одлуки и незаконска блокада на сметка
Б) Ќе испратиме подготвен „ДОССИЕР Корупцијата која ја спроведува Владата и нејзини службени тела“, на сите релевантни адреси во ЕУ и сите нејзини членки и во САД.
Истовремено, а одделно нашите партнери од САД размислуваат и за поднесување на барање за активирање и на ‘MAGNITSKY ACT’ поради брутална повреда на човечки
права на меѓудругото странски, американски државјанин, косопственик на Јадран Филм.
В) Ќе го испратиме подготвениот ДОССИЕР на сите парламентарни партии, на сите застапници во Сообранието и во сите македонски медиуми
Г) Јавно ќе ги објавиме сите испратени писма до Вас и до сите службени тела и органи со предлози за мирно решение, од 2017 година до сега
Д) Ќе поднесеме тужба за отштета пред меѓународните судови од Вашингтон до Луксембург заедно со нашиот американски партнер и косопственик
Во оваа прилика, нема да ги наведеме другите сериозни измами, изјави заверени на нотар на други хрватски граѓани кои беа измамени од Горјан Тозија за огромна сума на пари за финансирање на неговите скапи зависности. Ако имате дилеми околу истото, за утврдување на состојбата во која се наоѓа Тозија, не Ви требаат Вашите разузнавачки служби, доволно е за тоа да прашате македонски или хрватски филмски соработници, познаници од шарената револуција, соседи. Сите ќе Ви го кажат она што овде не е пристојно да се напише. Таквите зависности не може да се финансираат од службеничка плата, господине Заев. Ви пишувам јавно и бидејќи тој зависнички, измамнички полусвет се уште се осмелува да се заканува повикувајќи се на Вас. Тоа сигурно не може да биде вистина.
Се повикуваат на Вас и тврдат дека Вие лично како Премиер стоите зад Тозија.
Тоа ниту може, ниту смее да биде вистина, господине Заев.
Во оваа прилика од исклучителна важност е да нагласам дека сите судски процеси кои во моментов се водат се затоа што Агенцијата одбива да ја спроведе првичната правосилна судска одлука, која е круцијален доказ за неправилност во работата на Агенцијата но и на сите нејзини следни постапувања поврзани со Јадран Филм.
Доколку од Агенцијата ви кажат дека се водат уште некои спорови … и дека се блиску со измама, па потоа стечај врз основа на измама се до уништување на нашата компанија во Скопје па така би ги покриле трагите и ќе си го решат проблемот – не им верувајте, господине Заев. Тоа нема да се случи. Нема никакви други спорови освен оние што се водат како последница на измамата што се обиде да ја изврши Агенцијата за филм.
Очигледно, некој мисли дека може да прави како што сака но не сфаќа дека тоа не е за долго, господине Заев.
Случајот во кој владина Агенција во една држава одбива да спроведе правосилна судска пресуда и наместо истата државни службеници во една Влада се обидуваат со провидна измама на фалсификување,антидатирање и повторно раскинување на Договор, наметнување на стечај да се уништи странската компанија која правосилно ја победи Агенцијата, нема никакви шанси да победи пред ниеден меѓународен суд.
Како што Ви напишав порано во писмата што верувам не стигнаа до Вас, нашите американски, хрватски, македонски, француски и белгиските правни тимови подготвуваат тужби откако Агенцијата го одби предложеното мирно решение подготвено од наша страна од нашиот американски партнер. Нашите партнери и понудија на Агенцијата неколку стотици илјади долари од дистрибуција и промоција на МАКЕДОНИЈА во повеќе држави во светот.
Така што тие понудија општа корист наместо општа штета.
За вулгарните и простачки политички испади на Тозија за кои мораше да интервенира и министерот за надворешни работи на Република Хрватска, г-дин Гордан Грлиќ Радман, не би пишувал во оваа прилика.
Со ова Ве известуваме Вас и целата македонска јавност дека официјално побаравме заштита официјални тела на Република Хрватска и ЕУ и дека нашиот американски партнер го прави истото од официјалните тела на САД. Сите тие процеси за заштита на хрватските и американските компании кои се изложени на уцени и рекетирање и политички терор се во тек. Ве повикуваме да не дозволите група уценувачи и рекетари да се кријат зад Владата и зад Вас лично, предизвикувајќи штета од незамисливи размери на МАКЕДОНИЈА доколку продолжи овој терор. Ова не е ниту наша желба, ниту наш избор туку акт на неопходна одбрана.
Со ова јавно писмо, од Вас бараме, во согласност со Вашите обврски и одговорности, да обезбедите, владината Агенција да ја спроведе правосилната пресуда од 19.02. 2019 година и да го прекинете криминалниот обид да се уништи нашата компанија со цел да се избегне извршувањето на правосилната пресуда а со тоа и да ги сокрие трагите за рекет и криминал на Тозија. За законитоста во работата на владината Агенција, одговорна е Вашата Влада и на крајот Вие, како претседател на истата. Ве повикуваме, како Премиер, да го запрете корумпираниот терор и беззаконие што ги спроведува Агенцијата за филм која е под надлежност на Владата на чело со Вас. Тоа е Ваша законска и уставна обврска, господине Заев.
Од наша страна, ќе направиме се што е потребно и ќе дејствуваме со добра волја и намера. Но тоа не можеме да го направиме сами. Сега е време за Ваш потег и одлуката е на Вас. Исто така и за сето она што следи, одговорноста останува на Вас. Во никој случај и по ниедна цена нема да дозволимепродолжение на теророт од страна на коруптивната мрежа на Тозија. Ваше е да не дозволите овој зависнички, криминален полусвет да настапува против нас во име на Владата а нажалост и во име на Македонија. И на крајот нешто сосема лично. Во Македонија доаѓам од 1983 одина кога претставував Хрватска на федералниот натпревар на млади физичари во Струмица, Вашиот роден град. Сите документи и литература за работа на серијата на која јас сум автор ги проучував на македонски јазик. Со Македонија на сите начини сум емотивно врзан. Да не бев, немаше да можам да ја направам. Јас сум автор и режисер на најавното видео и музика на серијата- НАЛЕЈ, НАЛЕЈ ! Тоа најавно видео ги урна сите рекорди на гледаност, прегледано е повеќе од 3.000.000 пати само на социјалните мрежи,повеќе од 900.000 пати само на официјалната веб-страница на серијата и сето тоа со 100% позитивни коментари, што, колку што знаеме, никогаш не се случило на нашите простори. Ги поканувам сите да го погледнат на следниот линк
Тој покажува што е нашата МАКЕДОНИЈА- нашата МАКЕДОНИЈА е љубовна приказна! Благодарност до сите за огромна поддршка, убавите зборови и прекрасни емоции. Исто така, упатувам голема благодарност до сите оние кои не дозволија да се бидат исплашени, не се предадоа и останаа со нас.
Поврзано со останатите лаги на Тозија, на нашата официјална страница можете да го погледнете и првото „Making of “ видео, за тоа како се работела и како се работи серијата.
Ако сепак овој јавен повик остане без исправен одговор од Ваша страна, Македонија сигурно ќе победи но не онаа која ја претставува Тозија туку Македонија која е љубовна приказна !
Со почит, со добра верба и намера,
За МАКЕДОНИЈА, за Јадран Филм
Во Загреб, 5 октомври 2021 година
Винко Грубишиќ