Полициски службеник од СВР Штип доби кривична пријави поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 29 септември годинава околу 21 часот, во просториите на ПСОН Штип, пријавениот полициски службеник делото го сторил на начин што неповикан влегол во просторијата на полициската станица каде од друг полициски службеник било обезбедувано повикано малолетно лице и го удрил малолетникот кој се здобил со повреди.
Била повикана итна медицинска помош која ги констатирала повредите и му пружила медицинска помош, а против полицискиот службеник поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност