Иранската надворешна политика има за цел да го штити мултилатерализмот и да се спротивстави на американската хегемонија, изјави денеска иранскиот потпретседател Ешак Јахангири.
Иран и САД минатиот месец беа речиси на работ на војна откако Исламската Република урна американско беспилотно летало, за малку предизвикувајќи одмазднички напад, кој американскиот претседател Доналд Трамп го откажа во последен момент.