Груевски ќе ги копаше, немаше Србија да биде прва во Европа, изјави лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во гостувањето во ТВ Алфа.

Јакимовски реле дека поранешниот премиер Никола Груевски во моментов би обезбедил поголем процент на вакцини за Македонија, отколку претседателот Александар Вучиќ за Србија.

– Груевски ќе ги копаше, немаше Србија да биде прва во Европа, рече Јакимовски, правејќи споредби во регионот за бројот на вакцинирани и набавките на вакцини против Ковид-19.

По еден месец по почетокот на вакцинацијата во Србија има близу половина милион вакцинирани.

– Србија за прв пат ќе има поголем БДП од Хрватска. Вучиќ рече дека ќе се поделат по 100 евра за сите пензионери и помош од 30 плус 30 евра за сите останати и дека таа помош е од српски пари, а не како кај нас со задолжување од 300 милиони евра, што е колку еден автопат, рече Јакимовски.