Мене ми се чини дека се приближуваме кон уставни промени и затоа треба некој да дојде, овде да изигрува Баба Рога, рече градоначалникот и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5.
– Е сега, да не е случајно наменето за тие што ќе бидат против уставните промени. За да на ваков начин се изврши притисок. Еве едно убаво прашање. Ќе опфати ли истрагата како се менуваше уставното име на Република Македонија? Имаше ли купување пратеници? Имаше ли уцени? Се апсеа ли луѓе, специјално, наменски? Тоа не е ли корупција? Што е тоа? Таа истрага ќе ја отворат? Ќе ја отворат истрагата со 57 гласа избран претседател на Собранието? Јас сум против секаков облик на магла. Ние треба институционално да се бориме против криминалот, вели Јакимовски во Само вистина.
Алузијата на Јакимовски е во врска со најавата на доаѓањето на тим од САД за помош во истрагата на корупција во Република Македонија.