Тимот нуркачи на МВР од САЕ Тигар, поради временските услови ја прекина потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар. Потрагата ќе ја продолжат рано наутро заедно со тимови на Црвениот Крст и Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти ЦУК.

Денес е пребаран потегот од мостот Близнак до Железничкиот мост и уште три километри во правец кон село Долно Лисиче.

Екипи од специјалните единици на полицијата интензивно го пребаруваа течението на реката Вардар во обид да го пронајдат човекот кој утрово околу 6 часот се фрли од мостот близнак во скопската општина Аеродром.

Центарот за управување со кризи утрово информираше дека информацијата за случајот е добиена утрово во 6 часот на телефонскиот број 112.