Стевчо Јакимовски на вонредна прес-коференција порача дека е изненаден од потегот на Стејт Департментот, но тоа нема да го поколеба во изборната трка и ќе му биде уште поголем мотив.

Тој рече дека оваа одлука на Стејт департментот за да го стави него и неговите возрасни синови на црната листа е резултат на анкети, кои покажувале дека тој ќе влезе во вториот круг на претседателските избори и дека наводите за криминал во урбанизмот се неосновани, бидејжи се откажал од тие ингеренции.

Јакимовски рече дека не случајно токму денеска е објавена црната листа, кога ја поднел кандидатурата во ДИК и откако ги собрал потребните потписи. „И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија“ , порача Јакимовски.

„Ова е само потврда дека мојата политика е исправна и во одбрана на македонските национални интереси. Ме ставаат во ист кош со нивниот бисер и срам Катица Јанева која правеше истраги и ништо не најде за мене. Колку предлогот на кодошите од Македонија бил студиозен покажува фактот, што мртвиот маж на Катица Јанева е ставен на црната листа, може да видите колку таа одлука е паушална. Ниту сум ранел ниту сум школувал деца со арам пари“, изјави вечерва Стевче Јакимовски

„Донал Трамп има 113 кривични пријави, сценариото таму од длабоката држава е или да го оневозможи да учествува на изборите, да го стават во затвор или да го убијат. Истото сценарио се случува во Унгарија против Виктор Орбан против Вучиќ и против мене. Ова е директно мешање во внатрешните односи на Македонија во избор на претседател и тврдам дека не може никој да ни каже кој ќе ни ја води Македонија“, додава Јакимовски.