Два дена откако Соединетите Американски Држави го ставија актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на црната листа, Гласот на Америка (ВОА) јавува дека и во изјава за медиумот уште еднаш е потврдено дека Јакимовски ја злоупотребил својата јавна функција со мешање во јавните процеси.
Како што пишува ВОА, се однесуваат, меѓу другото, на јавни набавки и урбанистичко планирање, за лична корист и во корист на неговите соработници. Изјавите се на барање на Гласот на Америка на македонски од прес-службата на Стејт департментот, за коментар на изјавата на Јакимовски дека одлуката на САД да го стават на црна листа е „мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата“.
Делот 7031(c) предвидува дека функционерите на странски влади за кои државниот секретар има кредибилни информации за директна или индиректна вмешаност во значителна корупција или грубо кршење на човековите права, не се подобни за влез во САД“, изјавија од Стејт департментот.
САД освен Јакимовски, на црната листа ја ставија и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, заедно со членови на нивните потесни семејства, за вклученост во коруптивни дела, поткопување на владеење на правото и довербата на јавноста во демократските институции. Забранет им е влез во САД.
Јакимовски пак денеска поднесе кривична пријава против непознато лице до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Изјави дека бара да се спроведе истрага и дека е подготвен да одговара дури и пред истражните органи на САД, но рече дека има граѓани за кои смета дека се одговорни, како што вели, за целата подготовка на оваа операција и ја поврзува со нивно директно вмешување во изборната трка за претседател. Кои се тие луѓе не посочи.
Функцијата државен секретар на САД сега ја извршува Ентони Блинкен. Инаку, САД завчера ги санкционираа градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат Јакимовски, како и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, заедно со членови на нивните потесни семејства, за вклученост во коруптивни дела, поткопување на владеење на правото и довербата на јавноста во демократските институции. Јакимовски најави кривична пријава против непознат сторител за мешање во внатрешни работи.
Јакимовски во исто време е и кандидат за претседате на Северна Македонија на претстојните избори.
Јанева, пак, отслужува затворска казна од седум години за случајот „Рекет“ од јули 2021.