Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата.

Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот преку социјалните мрежи соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет.

Целта на протестот, како што почочуваат од ФИНКИ, е „укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот“.

Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет во Македонија, а проблем за управата е тоа што факултетот нема доволно простор за да ги смести сите запишани студенти.