Oва што денеска се случува не е ништо ново, вака Мане Јаковлески, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ, го толкува последниот скандал и мега афера во која АНБ и АР по директива на Заев ги прислушкувале и следеле тогашниот лидер на опозицијата Христијан Мицкокски, потпретседателот Александар Николоски, новинари, бизнисмени и редица други личности кои не одговорале на нивниот опис за подобни и антимакедонски СДС-послушници.
– Така е и со следењето на премиерот Христијан Мицкоски како лидер на опозиција, на партијското раководство, на новинари. Ним (на СДСМ) им смета секој кој е против нив и е за Македонија, а тие го нарекуваат „непријател на државата“, но не пишуваат против која држава? Дури и во независна Македонија тие во белешките на службите кои ме следеа мена пишуваа „работи против државата“, но не и против која држава. За нив, за жал, тоа се’ уште беше Југославија. Јас, како еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ, која заедно со партијците организираше протести низ цела свет и кој беше за независна Македонија, ме најдоа како „непријател на државата“, за која се бореше да се создаде? Бога да чува. И до ден-денес, го повторуваат истото, сега и вие новинарите сте против „државата“. Јас мислам дека и во оваа нова листа на „обработка“, по автоматизам, јас повторно ќе бидам меѓу следените, потенцира Јаковлески во разговорот со Љупчо Цветановски при отоврањето на новата сезона ан „За или против“ на ТВ Алфа.
На прашањето дали очекува, конечно, еден ваков скандал со прислушкување да има разврска во Македонија, Јаковлески вели дека оваа влада и премиерот Мицкоски нема да се откажат од изнесувањето на вистината на виделина и дека нема, како сите до сега, „за мир во куќа“ да ги стават работите под тепих.
-Колку што го знам, а го знам добро премиерот Мицкоски, тој не е човек кој знае да прости ваков скандал и не е човек кој може така лесно да „заборави“. Тој ќе оди до крај. Не само за овој случај. Ќе бара да се преиспита она што и претходно службите го правеле. Додека не се расчисти, ова ќе се повторува и ќе се најдат луѓе кои ќе го користат истиот начин на владеење. Оваа партија СДС, која за среќа сега е во опозиција, тие не знаат поинаку да владејат, тие не се способни да направат економија и демократија во Македонија, тие се способни само да снимаат, да прават интриги, да измислуваат непријатели. Вистинските непријатели се тие што го потпишаа Рамковниот договор, тие што го потпишаа предавничкиот договор за името со Грците, оние кои го потпишаа „францускиот“ предлог и оној со Бугарија претходно, ти се вистинските непријатели на државата кои треба да одговараат за велепредавство, заклучува Јаковлески во интервјуто за ТВ Алфа.