Екс министерот Миле Јанакиески се враќа во затворот во Шутка.  Судија на претходна постапка му определи 30-дневен притвор по сослушувањето, нему и на уште 7 мина други осомничени мегу кои и Димитар Димовски, вработен во Министерството за транспорт и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на партијата  во Аеродром, објави ТВ Телма.

За двајца осомничени Кривичниот суд определил мерки на претпазливост.

Новотворената истрага на обвинителството за организиран криминал се води за злоупотреби со отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.

Според истрагата 10 мина осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување  и еден за несовесно работење во службат направиле штета на буџетот од 2,6 милиони евра.

„Постапувајќи по предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор на лицата: М. Ј., А. Ј., Е. Р., М. Ј., Д. Д., В. С., Д. М., и Л. С. На лицата Б.Д. и С.К. им определи мерки на претпазливост. За М.Ј. и Е.Р. се исполнети условите од точка 1 и 2 опасност од влијание, а за останатите осомничени, сите 3 точки“, информираат од судот.